Развојните трендови на технолошки се понапредните машини ги поместуваат границите на изводливото кога станува збор за изработката на мебел. Соочени со тенденцијата на купувачите кон модерните решенија и изведбите со голем број на барања, се соочуваме со бројни предизвици кои наметнуваат барање на нови решенија, поквалитетна изработка и врвна реализација.

Новомак од самиот почеток е воден од идејата да на столарите, архитектите, проектантите и крајните купувачи им обезбеди комплетна услуга и компоненти за изработка на мебел. И сето тоа со обезбедување на најдобра услуга и постигнување на највисоко ниво на задоволство на нашите купувачи, поставувајќи ги квалитетот, временските рокови и доверливоста како темел на нашето работење.

Наша задача е постигнување на совршеност во изведбата со континуирано унапредување на технолошката опременост, усовршување на вработените, како и негување на партнерски однос со добавувачите и соработниците. Непрекинато тежнееме кон поставување на амбициозни и мерливи, меѓутоа воедно и остварливи цели и програми.

За постигнување и гарантирање на беспрекорна изведба на комплексните задачи, потребни се долгогодишно искуство, вештина и стручност, но тоа е предизвик кој го прифаќаме.

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот на вработени.

Мисла водилка на целото работење одсекогаш била обезбедување на комплетен сервис на своите партнери, столари, архитекти, проектанти. Со континуирано унапредување на технолошката опременост, усовршување на вработените и повеќегодишното исполнување на високите очекувања на своите клиенти, компанијата израсна во вистински центар кој во моментов вработува околу 80 вработени и работи во деловни, магацински и производствени простории со површина над 5000м2.

Денес, Новомак е команија во која на едно место можете да ги најдете сите компоненти потребни за составување на висококвалитетен мебел по мерка. Богатата понуда вклучува голем број на реномирани брендови од дрвната индустрија што обезбедува широка палета на производи и гарантира изработка на мебел со највисок квалитет.

Постојаната едукација на вработените, воведување на нови организациски и технолошки решенија, инвестирање во најсовремени машини резултира со континуирано подобрување на квалитетот на услугите, што го прави Новомак еден од најдобрите на ова поле.

Покрај едукацијата на вработените, Новомак се залага и за едукација на партнерите, и од 2019 едукација на крајните клиенти.

Воедно, Новомак е редовен учесник и на саемот за мебел, каде редовно ги презентира своите производи и услуги.

Сите продукти на Новомак може да ги најдете во изложбениот салон на површина од повеќе од 700m2. Новомак како компанија постојано вложува во салонот.Истиот се реновира секоја година, соодветно на постоечките трендови, како клиентите континуирано би добивале инспирација за она што им е потребно.

Во изложбениот салон може да ја увидите и функционалноста на секој од продуктите и да ја направите посакуваната комбинација.

Она што посебно го извојува салонот е мобилната кујна каде Вие самите можете да ги шетате модуларните елементи, и да видите кој тип на кујна е најсоодветен за Вашиот простор.