Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

          1.      Општи одредби

 Новомак ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

Новомак ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Новомак може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

          2.      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот shop.novomak.mkсо цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација,    било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

 Новомак на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. Новомак никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци С.В. на следниов e-mail: ozlp@novomak.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ
1. Вовед
Нашата политика за заштита на личните податоци го регулира начинот на користење и чување на вашите лични податоци. Нашата компанија посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија
2. Собирање на лични податоци од страна на Контролорот
Друштвото за производство, трговија и услуги НОВОМАК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје e контролор на личните податоци кои вие (како субјект на лични податоци) ни ги давате, кога:
  • сакате изработка на одреден тип на понуда,
  • склучувате договор со НОВОМАК ДООЕЛ Скопје,
  • ја користите нашата веб страница,
  • барате информации од нас,
  • давате пофалба или поплака,
  • пријавувате рекламација ,
  • кога сте учесник во наградни игри организирани од Новомак ДООЕЛ Скопје
и во други случаи определени со ова Известување за приватност.
3. Вашите лични податоци ги обработуваме кога е исполнет еден од следниве услови за законитост на обработката:
  • Обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на НОВОМАК ДООЕЛ Скопје или други цели наведени со закон,
  • Обработката е неопходна за извршување на договорот во кој субјектот е договорна страна или за преземање активности на барање на субјектот пред склучувањето на договорот,
  • Субјектот се согласил на обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе посебни цели. Во зависност од наведените потребите, ги обработуваме следниве видови лични податоци добиени од вас:
    • податоци за идентификација (име, презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, ЕМБС и сл.)
    • име и презиме на контакт лице
    • број на лична карта
    • контакт податоци (адреса на живеење, e-mail, телефон и сл.)
4. Начин на кој ги собираме вашите лични податоци
Вие директно ни ги давате личните податоци што ги собираме. Ние ги собираме податоците и ги обработуваме кога вие:
  • доаѓате во компанијата за да купите одредени производи од асортиманот кој што го нудиме или пак да добиете некој тип на услуга од дизајн, изработка на кројна шема и/или обработка на плочест материјал,
  • се јавувате на нашата компанија за да закажете термин за одредена услуга, да поставите прашање или да се информирате за некоја услуга.
5. Заштита на личните податоци
Работењето и постапувањето на Друштвото во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци.
6. Чување на личните податоци
Личните податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.
7. Останати информации
Доколку имате било какви прашања, забелешки или коментари во врска со ова Известување за приватност, може да ги упатите до офицерот за заштита на личните податоци на НОВОМАК ДООЕЛ на e-mail: ozlp@novomak.mk
8. Права на субјектите на лични податоци
Правата кои ги имаат субјектите на лични податоци во однос на нивната приватност и законитост на обработката се:
  • Право на повлекување на согласноста,
  • Право на информации и пристап до лични податоци,
  • Право на исправка и бришење,
  • Право на ограничување на обработката,
  • Право на преносливост на податоците.
9. Субјектот на лични податоци на негово барање може да добие информација за тоа:
  • дали се обработуваат лични податоци за субјектот подносител на барањето,
  • кои лични податоци се обработуваат,
  • за кои цели и кој е правниот основ,
  • корисниците или категориите на корисници,
  • изворите на личните податоци,
  • Право на приговор.
Согласно наведеното, а во насока на остварување на правата на субјектите на лични податоци мoжете да доставите:
  • Барање за повлекување на согласност,
  • Барање за пристап до лични податоци,
  • Барање за бришење на лични податоци,
  • Барање за исправка на лични податоци,
  • Барање за ограничување на обработка на личните податоци,
  • Барање за пренос на личните податоци,
  • Приговор.
НАПОМЕНА
Ако сè уште цените дека вашите лични податоци не се обработуваат во согласност со законот, може да ја исконтактирате Агенцијата за заштита на личните податоци и да поднесете барање до нив. Вашите права може бесплатно да ги остварите контактирајќи го нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: ozlp@novomak.mk, на телефонскиот број +389 2 2461-664 или лично во просториите на НОВОМАК ДООЕЛ Скопје на ул. Киро Глигоров бр.3 , а ние ќе ви одговориме во рок од 30 дена.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Избор на производи                                  

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: категорија, подкатегорија, боја, димензија, дебелина... Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Со притискање на полето "ДОДАЈ ВО КОШНИЦА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошница. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничкатта.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничката, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од корпата

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за "ПЛАТИ" за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.

Достава

Рокот на испорака е 3 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8 до 16 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања  или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот  +389 2 2461-089 и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на производот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператоти ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, .

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Новомак  има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.