По изборот на материјалот и соодветната дебелина, првиот чекор е оптимизација на кројните мерки со помош на современ софтвер, како би се добило максимално искористување на материјалот. Тука треба да се напомене дека мерките се внесуваат вклучително со АБС траката, со што се исклучува можноста за влијание на дебелината на траката на крајната мерка. Покрај тоа што со компјутерската оптимизација максимално се искористуваат парчињата Ви нудиме опција и за пратење на шарата на таблата.Така, доколку нагласите дека сакате шарата да се прати ќе добиете синхронизирани парчиња мебел. Нашиот тим Ви стои на располагање за совети околу земањето мерки, како и за обука за пополнувањето на кројната шема online.
Сите Ваши кројни шеми и прашања околку истите можете да ги испратите на krojnisemi@novomak.mk