MINIPRESS TOP

Затоа што прецизноста е најбитна !

Дознајте повеќе
minipress top

Опремен за иднината


Оптималната ефикасност почнува со прецизен и конзистентен процес, точни методи на работа и ниска толеранција на грешки. Резултатот е максимален квалитет се до последниот детаљ. Машината MINIPRESS top ги исполнува сите професионални побарување за обработка на плочестите материјали. Развиена е нова глава за бушење и поставување на оков што овозможува полесно подесување и управување со машината. Новите карактеристики овозможуваат брзо и прецизно управување кои Ви помагаат да го оптимизирате процесот на работа. Во комбинација со Eaststick, MINIPRESS top е совршено решение за сите обработки на бушење за елементи, врати и фронтови.

Кој се предностите кога MINIPRESS top се комбинира со EASYSTICK ?


Машината има широка примена и е лесна за користење. Таа може да се користи за различни намени, притоа да одговори на сите Ваши потреби. Комбинирана со EASYSTICK, MINIPRESS top Ви нуди голема прецизност и олеснување на работата.
EASYSTICK е новиот автоматски систем за запирање што го олеснува поставувањето на главата за бушење и оковот. Го оптимизира целиот процес на монтажа, нудејќи Ви лесна и брза употреба на машината со која ќе постигнете перфектни резултати. Позициите на граничниците се подесуваат автоматски на точната мерка за бушење. Позиционирајте го панелот, избушете, поставете го оковот, завршена работа !

Дигитализиран работен процес


MINIPRESS top комбиниран со EASYSTICK го дигитализира планирањето и обработката. Можете директно да планирате на машината или да користите USB за да префрлите информации од конфигураторот. Импортираните податоци лесно може да се едитираат. EASYSTICK исто така овозможува подесувања директно на MINIPRESS top. Внесете ги податоци за елементот, димензиите на фронтот и одберете оков, а EASYSTICK ќе Ви ги пресмета позициите за бушење.

Вертикалната глава за бушење се движи автоматски до правата позиција


MINIPRESS top во комбинација со EASYSTICK автоматски ја дава точната позиција на бушење. Вертикалната глава за бушење се движи по Y-оската автоматски додека работната маса и линеарот остануваат на иста позиција - едноставно подесување, прецизни резултати. MINIPRESS top овозможува да бушите за длабоки елементи. Големата длабочина на подесување на вертикалната единица за бушење (до 350mm) го овозможува тоа.

Хоризонтална единица за бушење


Благодарение на MINIPRESS top потребна Ви е само една машина за сите вертикални и хоризонтални операции за бушење. Хоризонталната единица за бушење на MINIPRESS top овозможува прецизно бушење, на пример за типли и спојници. Таа е лесно достапна и лесно може да се постави и користи.

minipress top

MINIPRESS top синоним за квлаитет


Доказ за квалитетот, дизајнот и функционалноста на машината MINIPRESS top е интернационалното признание и добиена награда "GERMAN DESIGN AWARD".

Машината MINIPRESS top е достапна на лагер во Новомак !

Контакт

Доколку имате било какви прашања слободно контактирајте нè, тимот на Новомак ќе Ви помогне.

Локација:

Киро Глигоров 3,
Скопје, Република Северна Македонија

Телефон:

+389 2 2461-664

Loading
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!