Меѓународни коњски трки 2018

Несомнено, спортот  има особено важно индивидуално и општествено значење. Спортот како акт допринесува до јакнење на физичката и психичката кондиција, и допринесува за тоа на публиката и поширокиот аудиториум да им  овозможи забава, задоволство, релаксација  и во крајна консеквенција ја зголемува и одбрамбената способност.
Современиот свет е незамислив без постоењето на споротот како еден вид човекова надградба. Токму затоа Новомак, започнува со давање подршка на развој на спортот во Македонија. Прв проект кој ја добива нашата подршка е Меѓународниот октомвриски коњички турнир.

Коњичкиот турнир „Скопје 2018“ ќе се одржи на 13 и 14 октомври, на терените на коњичкиот центар „Хиподром“ од 10 до 15 часот.