Шпер плоча – материјал кој трае !

Шпер плочата е составена од повеќе слоеви на фурнир импрегниран со фенолна смола и пресован под висок притисок. Цврстината е видно подобрена со пресовање на висока температура, со што го прави многу поцврст и димензионално постабилен. 



Покрај својата особина на голема издржливост, тие имаат автентичен изглед на дрво, одаваат топлина и скандинавски вибрации. Тие одлично се комбинираат со еднобојни иверки и многу лесно можете да креирате разигран и авангарден изглед. Користењето на шпер плочите станува тренд поради нивниот квалитет и издржливост.