За нас

Новомак е еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел.

Фирмата Крономак Дооел Скопје е основана 2006 година како претставништво на Kronospan Jihlava Чешка, а од 2017 потрагата по најдоброто го продолжува со ново име - Новомак.

Новомак се занимава со големопродажба и дистрибуција на репроматеријали за производство на мебел од целокупната програма на Kronospan, Falco, Dekospan и SKIN Kronospan Италија. Од плочести материјали од дрво кои се на лагер може да побарате повеќе од 160 декори Оплеменета иверица и соодветна АБС трака од програмата на Hranipex, 80 декори кујнски Работни плочи, HDF плочи, MDF плочи, OSB плочи, Компакт плочи и сировинска иверка. Од програмата на ABS траки Hranipex ги покриваме сите декори од сите светски брендови за оплеменета иверка кои се застапени на нашиот пазар, со преку 1200 декори на Лагер во најразлични дебелини и широчини.

Поради потребата на пазарот и потребите на нашите клиенти од индустријата за производство на мебел во Македонија, во 2010 година Крономак се одлучи за зголемување на својот големо продажен асортиман. Покрај производите на Kronospan, односно плочестиот материјал, Новомак во својот асортиман на производи воведе и оков од светски познатите брендови како: Blum, Teka, Siro, Incoll, GTV, FGV, Union Plast, Strong, Tulip, Italiana Ferramenta, Sevroll, Kessebohmer, Vibo. Секоја година палетата на производи на Новомак константно се зголемува и во моментов имаме приближно 7000 различни видови на оков, со еден збор Новомак има за цел да го снадби пазарот во Р.Македонија со се што е потребно за сериозно производство на мебел.

Тимот на Новомак се грижи за потребите на своите клиенти пратејќи ги светските трендови во дрвната индустрија, поради што несебично ги пренесува новитетите во индустријата преку советувањa, обуки и презентации за своите клиенти.

Новомак во својот фокус има задача да даде комплетна понуда на производите во својот продажен центар и да ги обезбеди сите услови за лесно и брзо да ги задоволи сите свои клиенти, како и да се соочи со сите најголеми искушенија. Во функција на исполнување на барањата на клиентите е и добра логистика, магацин, изложбен салон, транспорт, комерција и сервис кој е многу брз и ефикасен од порачување до испорака на робата.

Со намера да што поуспешно ги претставиме брендовите кои ги застапуваме и работиме на Mакедонскиот пазар и да одговориме на растечките потреби на пазарот и во обзир на динамиката на живеење, раководени со работна логика и степен на реализирани услови за конкурентно настапување на пазарот, развивме широка големопродажна и малопродажна мрежа и поставивме нераскинлива соработка со нашите клиенти.

Со еден збор, Новомак претставува функционалност и креативност, доверливост и развој, само со една цел да им биде на услуга на нашите клиенти, бидејќи услугата, брзата испорака на нарачките, сервисот и задоволството на коминтентите е приоритетна цел на Новомак. Со цел да одговориме на потребите на пазарот, односно да го задоволиме растечките потреби на нашите коминтенти и брзата динамика на работењето, Новомак константно работи на зголемување на својот асортиман на производи, услугата, сервисот и логистичкиот центар.